Сари: Никој не може да го замени Роналдо

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, истакнува дека никој на светот не може да го замени Кристијано Роналдо. Португалецот отпатува во родната земја како би бил со мајка му која доживеа мозочен удар.

„Враќањето на Роналдо зависи од натамошниот развој на ситуацијата. Секако дека нашите планови зависат од тоа дали може да игра или не. За Кристијано не постои замена. Тактиката секој пат е различна кога тој не е на теренот“, изјави Сари. 

Јувентус денеска требаше да го одигра реванш дуелот од полуфиналето во Копа Италија против Милан, но поради коронавирусот натпреварот е одложен. Првиот меч во Милано заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...