Сари сака Ковачиќ да остане на „Стемфорд бриџ“

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари, посакува да го задржи хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ и следната сезона на „Стемфорд бриџ“. Тој како позајмен играч од Реал Мадрид оваа сезона настапува за лондонскиот клуб, а би можел лесно да остане доколку Еден Азар се пресели во Реал Мадрид, трансфер што „Марка“ веќе го најави како извесен за ова лето.

Челси има забрана за трансфери во наредните два преодни рока, но Ковачиќ е веќе регистриран во клубот и би можела да се продолжи неговата позајмица, а потоа и перманентно да потпише договор.

„Ковачиќ е одличен фудбалер и би сакал да го имам и следната сезона во тимот. Со Жоргињо тие умеат да внесат креација во играта на нашиот состав“, изјави Маурицио Сари.

Се вчитува...