Таткото на Лука Дончич, Саша кој и самиот е поранешен кошаркар, а сега ја врши улогата на спортски директор на кошаркарската репрезентација на Словенија гостуваше на хрватска телевизија каде говореше на повеќе теми.
Едно од интересните прашања кои ги доби Саша беше дали Лука може да се посреди со легендарниот Држен Петровиќ.
„Дражен сепак е Дражен. Тој е легенда. Лука е уште далеку од него, но мислам дека е на добар пат. Не би сакам да ги споредам. Секој во свое време е меѓу најдобрите. Мене ми е мило што некој од Европа покажува дека кај нас и порано и сега се игра добра кошарка“, изјави Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА