Доскорешниот тренер на Црвена звезда, Саша Обрадовиќ ќе биде нов тренер на Хапоел Ерусалим.
Амбициозниот клуб учествуваше во Еврокупот минатата сезона, а имаше индиции дека се кандидати за добивање посебна покана за Евролигата. Останува да се види дали навистина ќе биде така и дали српскиот тренер повторно ќе работи во елитното натпреварување.
Покрај Црвена звезда, Саша Обрадовиќ во својата тренерска кариера ги водеше Монако, Алба, Келн, Киев, Туров, Донецк и Локомотива Кубан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
