Сашко Кедев го искачи осмиот највисок врв во светот (ВИДЕО)

Кардиологот и член на Македонската академија на науките и уметностите, Сашко Кедев, беше дел од 22-члена експедиција од алпинисти кои го искачија осмиот највисок врв во светот, Манаслу на Хималаите.

Врвот, висок 8.163 метри, се наоѓа во Непал, а меѓу алпинистите е познат и како Планина на Духот.

Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и највисокиот светски врв, Монт Еверест, во 2009 година.

 

Се вчитува...