Сасуоло во супер меч ја совлада Рома на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Сасуоло одиграа неверојатен натпревар и стигна до голема победа на гостувањето кај Рома со 3-4 во еден трилер меч како дел од 26. рунда сезонава во италијанската Серија А.

Гостите за само 18 минути стигнаа до брза предност од 0-2 со головите на Лауириенте во 13. и 18. минута. Залевски во 26. минута успеа да намали на 1-2. Вистинска глупост направи Кумбула во судиското продолжение во првото полувреме кога го шутна Берарди и доби црвен картон, а токму италијанскиот репрезентативец од пенал донесе водство за гостите од 1-3.

Римската волчица успеа повторно да намали со голот на Дибала во 51. минута на 2-3. Пинамонти во 75. минута повторно донесе предност од два гола (2-4), а до крајот Вајналдум во 95. минута ги постави само конечните 3-4.

Roma 2-[4] Sassuolo – ndrea Pinamonti 75′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...