Бобан демантира дека саудиските клубови ќе играат во ЛШ: „Тоа се живи глупости!“

Фудбалскиот федерација на Саудиска Арабија активно преговара со УЕФА за да им дозволи на тимовите од земјата да учествуваат во Лигата на шампионите почнувајќи од 2025 година, пренесоа во текот на вчерашниот ден водечките италијански спортски медиуми.

Според нивните сознанија, идејата на Арапската федерација е да им дозволи на екипите од Саудиска Арабија да учествуваат со „вајлд-карта“, каде тимовите ќе можат да добијат право за настап во новиот формат на Лигата на шампионите, кој ќе биде целосно изменет од 2025 година.

„Бројот на екипи во најсилното европско клупско натпреварување ќе се зголеми на 36. Едно од дополнителните места, како што планира локалната федерација, ќе добие клубот кој ќе го освои шампионатот на Саудиска Арабија. Со тоа сака да им се даде уште поголема меѓународна афирмација на клубовите како Ал-Итихад, Ал-Ахли, Ал-Наср и Ал-Хилал, како и можност рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите клубови од Стариот континент“ – пренесе „Кориере“.

Но, сето тоа денеска категорично е демантирано од директорот за развој на УЕФА, Звонимир Бобан…

„Нема никаква вистина во тоа што пишуваат Италијанците. Тоа се живи глупости. Во Лигата на шампионите ќе играат само европски клубови од земјите кои се членки на УЕФА, и никој друг. Воопшто не е разговарано ниту помислено на такво нешто“ – вели Бобан во изјава за „Спортске новости“.

Факт е дека оваа идеја не е нималку лесна за имплементација, затоа што не само УЕФА, туку и Азиската конфедерација ќе треба да се вклучи во процесот, а ниту една земја од Европа нема да сака да се одземе едно место на европските клубови.

Се вчитува...