Саул Нигез: Остваривме голем триумф, но ќе треба да одиграме добро и во Ливерпул

Атлетико Мадрид успеа да го падне на колена европскиот првак Ливерпул славејќи со 1-0 на „Ванда Метрополитано“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Стрелец на победничкиот гол беше Саул Нигез уште во четвртата минута од дуелот. Тој е среќен поради триумфот, но порачува дека нема место за еуфорија затоа што следи и реванш на „Енфилд Роуд“.

„Ова е голем триумф, плод на нашата посветена работа во текот на целиот меч. Не е лесно да се совлада европскиот првак. Ливерпул е одличен тим, а ние успеавме и да ја сочуваме нашата мрежа, што секако беше посакуван резултат пред почетокот на натпреварот. Но, не треба премногу да се радуваме, има реванш во Ливерпул и таму ќе треба да бидеме ѓаволски добри ако сакаме да се пласираме во следната рунда од ЛШ“, изјави Саул Нигез.

Реваншот е закажан за 11 март на „Енфилд Роуд“.

Се вчитува...