Саул: Заминав во Челси затоа што ми требаше одмор од Атлетико

Играчот од средниот ред на Атлетико, кој игра на позајмица во Челси, иако не добива минутажа, говореше за причините за напуштање на тимот од Мадрид после долги години во овој клуб.

Тој ја одби понудата за нов договор со Атлетико, по што му беше ставено до знаење дека нема да добива шанса кај Симеоне, по што реши да се пресели во Премиер-лигата. И покрај тоа што дојде како големо засилување во лондонските „сини“, Саул почесто добива шанса од клупата, но Шпанецот не ја губи вербата дека ќе може да се избори за првотимски статус во вториот дел од сезоната.

„Ми требаше пауза од Атлетико некое време. Таму сум од мојата 12-та година и имаше силно влијание врз мене. Кога навивачите ве свиркаат, тогаш тоа има големо влијание. Тие луѓе се и мои луѓе, а тешките моменти ги доживувате на различни начини. Беше тешко да се напушти тимот, но го сфатив тоа како предизвик за да се натпреварувам со најдобрите играчи на мојата позиција и немав страв од тоа. Знам дека можам многу да му помогнам на Челси“, изјави Саул.

Се вчитува...