Саутемптон ги изненади „граѓаните“

Саутемптон славеше неочекуван триумф (1-0) против Манчестер Сити, само неколку дена откако „граѓаните“ имаа фантастично издание против новиот првак Ливерпул. Че Адамс во 16.минута ја затресе мрежата на Едерсон, откако го „улови“ излезен надвор од шеснаесетникот, а тој ја искористи грешката на Зинченко. Че Адамс шутираше од 50 метри и го погоди празниот гол на тимот на Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити нападна со сите сили, се редеа шанси пред голот на Саутемптон, но голманот Алекс Мекарти беше фантастичен, како и целата одбрана на домашниот тим. Во второто полувреме Гвардиола во игра ги внесе и Кевин де Бруин и Фил Фоден, меѓутоа гостите не најдоа решение како да го пробијат дефанзивниот бедем пред голот на Мекарти.

Се вчитува...