Саутгејт доби Орден на британската империја за успехот на мундијалот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, ја доби наградата Орден на британската империја откако го одведе гордиот Албион до полуфиналето на Светското првенство во Русија. Тој беше одликуван од Принцот Чарлс, а беше вклучен во првиот список на Кралицата Елизабета за одликувања во 2019 година.

„Ова е нешто многу специјално. Привилегија е да бидеш менаџер на англиската фудбалска репрезентација и да ја добиеш оваа награда од кралското семејство. Засекогаш ќе го паметам овој момент“, изјави Герет Саутгејт.

Минатиот месец и Хари Кејн беше одликуван од Орден на британската империја. Тој постигна шест гола на мундијалот во Русија.

 

 

Се вчитува...