Саутгејт: Имаме тимски дух како ниедна друга репрезентација

Бајката на Англија на Европското првенство 2020 продолжува и по четвртфиналниот натпревар против Украина кој избраниците на Саутгејт го добија со убедливи 4-0. Англичаните играат одлично и се блиску до „враќање на фудбалот дома“, а во полза на островјаните ќе биде и домашниот терен во следните фази.

Селекторот на Англија не го крие задоволството од прикажаното на неговите играчи и вели дека добрата форма се темели на тимскиот дух кој ретко која друга селекција го има.

„Имавме фантастична представа и тоа не само од играчите кои го започнаа натпреварот, туку и од другите кои подоцна влегоа во игра. Тука се и играчите кои не беа дел од екипата. Тие се голем дел од тоа што го правиме. Тешко е да се одржи група од оваа величина вклучена и среќна. Овие момци на феноменален начин се жртвуваа во групните фази и затоа сме во полуфиналето. Секако дека квалитетот на нашата игра е важна, но видов и дека многу репрезентации отпаднаа бидејќи го немаа духот кој го имаат овие момци“, вели Саутгејт.

Се вчитува...