Саутгејт се премисли – Мегваер ќе игра за Англија

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт, во последен момент се премисли и реши да го вклучи Хари Мегваер на списокот фудбалери за септемвриските средби од Лигата на Нации против Исланд и Данска. Иако беше најавено дека Мегваер ќе биде изоставен како дисциплинска мерка по големиот инцидент и тепачката за време на одморот во Грција, англискиот кормилар на крајот сепак реши да го повика Мегваер за септемвриските предизвици.

„Зборував со Хари и можам да кажам дека она што се случило е многу поразлично од она што се пишуваше по весниците. Немам причина да се сомневам во вистинитоста на она што Мегваер ми го кажа, тој знае дека ја има мојата поддршка во моментов“, истакна Саутгејт.

Селекторот на „гордиот албион“ реши да не го повика Грилиш од Астон Вила без оглед на неговата добра форма во финишот од премиерлигашката сезона. Изненадувачки, шанса за деби во националниот тим доби Калвин Филипс од Лидс Јунајтед, а за првпат повик во сениорскиот состав на „гордиот албион“ добија и Фоден од Манчестер Сити и Гринвуд од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...