Саво Милошевиќ поднесе оставка, Партизан не му ја прифати

Саво Милошевиќ поднесе оставка од тренерската функција во Партизан, но управата на „црно-белите“ ја одби истата и реши да го задржи прославениот голгетер на своето кормило. Милошевиќ не го криеше разочарувањето по вчерашниот разочарувачки пораз од Нови Пазар (3-2), најавувајќи дека „нешто мора да се менува и дека мора да се поднесе одговорност.

Во текот на денешниот ден тој им соопштил на челниците на клубот дека е подготвен да си замине, по што бил организиран итен состанок на кој највисокото раководство цврсто застанало зад својот тренер. Оставката на Милошевиќ е одбиена, а воедно е дадено ветување дека во најскоро време ќе бидат доведени и квалитетни засилувања на играчкиот кадар со што би се зголемиле шансите на „црно-белите“ во трката за титулата, за прекин на доминацијата на Црвена Звезда во српскиот шампионат.

Партизан веќе во второто коло заостанува три бода зад вечниот ривал. Во следната рунда „црно-белите“ ќе го пречекаат Јавор, додека Црвена Звезда ја очекува гостување против Мачва.

Се вчитува...