Се бара одмазда: Стадионот на Јувентус распродаден за еден ден за мечот со Реал Мадрид

Италијанскиот првак Јувентус за само еден ден ги распродаде сите 42.000 влезници за дуелот со Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Останати се неколку влезници за „ВИП“ ложата, поточно ексклузивните влезници „клуб на легенди“ кои чинат до 2.000 евра.

Во Торино со нетрпение се чека 3. април, односно првиот дуел од четвртфиналната пресметка против актуелниот европски првак. Навивачите на  Јувентус бараат одмазда за болниот пораз од „кралевите“ со резултат од 4-1 во финалето во Кардиф од минатата сезона, па не е ни чудо што заинтересираноста за овој меч е толку голема.

Едно е сигурно, „Алијанц“ стадионот ќе биде исполнет до последно седиште, подготвен да проследи фудбалски спектакл.

Се вчитува...