Се чуваат за Ливерпул: Реал Мадрид без двајца клучни играчи во Памплона

Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен викендов на гостувањето против Осасуна, откако тренерот Карло Анчелоти реши да ги одмори двајцата стандардни првотимци, Тони Крос и Карим Бензема.

Двајцата ветерани не се посериозно повредени, но Анчелоти реши да не ризикува во пресрет на првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите против Ливерпул, закажан за вторник.

„Карим е малку изморен, верувам дека ќе биде подготвен за вторник. Крос е настинат, па не сакаме да ризикуваме состојбата да му се влоши. Не станува збор за паника или повреда, но најважно е тие да бидат свежи за дуелот со Ливерпул“, изјави Карло Анчелоти на денешната прес-конференција.

Се вчитува...