Се е договорено: Диего Коста се враќа во Премиерлигата

Бразилецот со шпански пасош, Диего Коста повторно се враќа во Премиерлигата. Коста повторно го напушта Атлетико Мадрид за, овој пат, да се пресели во редовите на Вулверхемптон.

30-годишниот напаѓач ги договори сите услови за трансфер во Вулверхемптон кој деновиве се очекува да биде и официјализиран. Коста се поврзуваше и со Евертон но сепак се одлучи за финансиски подобрата понуда.

Претходно, во три сезони во Премиерлигата како напаѓач на Челси, Диего Коста постигна 52 погодоци освојувајќи и две шампионски титули.

Се вчитува...