Се е готово: Ракитиќ раскина со Ал Шабаб и потпишува за Хајдук

Сплит го тресе фудбалска еуфорија откако беше надмината и последната пречка за трансферот на Иван Ракитиќ во Хајдук. Хрватскиот ветеран доцна синоќа побара и веднаш доби раскин на договорот со Ал Шабаб, по што се очекува во следните 48 часа фудбалскиот генијалец и официјално да потпише договор со сплитските „бели“.

Ракитиќ имаше уште две години од договорот со Ал Шабаб и се откажа од богатство само за да се врати во Хајдук и да се обиде по долга пауза да ја врати титулата назад на „Пољуд“. Амбициозната управа на сплитскиот клуб во јануари го доведе Перишиќ, летово за нов тренер го именуваше Џенаро Гатузо, а со ангажманот на Ракитиќ само потврди дека Хајдук е подготвен да се бори со Динамо за шампионскиот трофеј.

Хрватските медиуми информираа дека клубот нашол спонзори што ќе го покријат договорот на Ракитиќ, се со цел во буџетот да останат пари за уште најмалку едно врвно засилување. Напаѓачката позиција е приоритет за Хајдук до крајот на овој преоден рок, добро познато е дека голема желба е Един Џеко, па останува да се види дали босанскиот ветеран ќе им се приклучи на Ракитиќ и на Перишиќ во овој мега-проект.

Се вчитува...