Се е лесно за Реал кога е расположен Бензема (ВИДЕО)

Реал Мадрид се израмни на врвот со Атлетико Мадрид во Ла Лига со 29 бода, откако триумфираше на гостувањето против Еибар со 1-3.

А, творец на победата на „кралевите“ беше Карим Бензема кој во 6. минута го постигна првиот погодок за водство, а потоа во 13. минута асистираше на Модриќ за 0-2.


Еибар во 28. минута со извонредниот погодок на Кике успеа само да го ублажи поразот, кој беше заокружен на 1-3 во 92. минута со голот на Лукас.


Се вчитува...