Се исплаши ли Чакир: Гледаше ВАР, па не досуди втор пенал за Нигерија…

Судијата Чакир без размислување досуди пенал на стартот од второто полувреме за стартот на Маскерано, но турскиот судија се најде во центарот на вниманието и на петнаесетина минути до крајот, кога Рохо играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Тој не покажа на белата точка при акцијата, Нигерија промаши зицер, а потоа африканската селекција бараше ситуацијата да се прегледа со ВАР. Турчинот отиде да погледне што точно се случи, па покажа играта да продолжи без пенал.

Да се досудат два пенали против Аргентина на клучниот меч на „гаучосите“ во секој случај ќе беше премногу, но факт е дека многу арбитри би покажале на белата точка во ситуација како онаа при играњето со рака на Рохо.

Се вчитува...