АБА-лигата по долго чекање конечно се јави со кратко соопштение за контроверзниот натпревар Будуќност – Црвена Звезда, на кој гостите не се појавија на терен со образложение дека стравувале за својата сигурност. Интересно, челниците на лигата ниту сега не собраа храброст мечот да го регистрираат со службена победа на црногорскиот клуб, во краткото соопштение само потврдувајќи го она што целокупната кошаркарска јавност веќе го знаеше.
„Натпреварот од 13. коло во АБА-лигата меѓу Будуќност и Црвена Звезда закажан за 30 декември не се одигра во предвидениот термин бидејќи екипата на Црвена Звезда не се појави на теренот во СЦ „Морача“. Јавноста ќе биде дополнително известена за следните чекори на АБА-лигата во врска со овој случај“ – се вели во соопштението.
Ваквиот став се оценува како тактизирање на раководството на лигата во пресрет на Собранието на АБА закажано за самиот почеток на 2020 година. Останува да се види какви се тие чекори што ќе бидат преземени, бидејќи доколку Црвена Звезда остане и без бодот за пораз, што е вообичаена пракса за вакви околности, актуелниот првак сериозно ќе си ги загрози шансите за влез во плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА