Се јави и Берлускони: Игуаин е роден шампион

Оптимизмот во таборот на Милан значително се зголеми откако „росонерите“ ги финишираа преговорите со Јувентус за ангажман на Гонзало Игуаин. Со трансферот на Аргентинецот дефинитивно се решаваат проблемите на голгетерската позиција, а меѓу првите кои го поздравија доаѓањето на „Пипита“ е поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони.

„Сега го следам Милан само како навивач, но моето срце секогаш бие само за оваа екипа. Веќе не сум во позиција да носам одлуки, тука се новите сопственици. Мора да се радуваме на доаѓањето на Гонзало Игуаин, сметам дека тој е вистински шампион што секој клуб би го посакал во своите редови“ – изјави Берлускони.

Милан плати 18 милиони евра за едногодишна позајмица на Игуаин, а наредното лето ќе доплати уште 36 милиони за целосно да го откупи Аргентинецот од Јувентус.

Гонзало Игуаин во претходните две сезони одигра 105 натпревари во дресот на „старата дама“, притоа постигнувајќи 55 погодоци.

Се вчитува...