Кристијан Ериксен преку писмо се обрати до јавноста, изразувајќи благодарност до сите оние кои му испратија пораки со желби за брзо опоравување по новиот сериозен проблем со срцето што данскиот ас го имаше на пријателскиот дуел со Украина.
Ериксен се фати за градите и падна на земја, неколку минути подоцна самиот излезе од теренот, но натпреварот беше прекинат и воопшто не продолжи поради шокот кај сите фудбалери, кои се потсетија на страшните сцени од Копенхаген од пред пет години кога лекарите едвај се изборија за животот на извонредниот плејмејкер.
По тој страшен инцидент на Ериксен му беше вграден дефибрилатор, што овозможи Данецот да продолжи да игра фудбал, но и му го спаси животот при последната случка.
„Дефибрилаторот го направи токму она за што е направен, ме заштити кога ми беше најпотребно. Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката и да порачам дека сум добро, не сум во болница туку сум во својот дом со семејството. Мојот дефибрилатор испрати електрошок во клучните моменти, но сакам да ве уверам дека ова беше сосема поинаква ситуација од она што ми се случчи во 2021 година. Се чувствувам добро и моето опоравување е веќе почнато… Целиот мој фокус е на рехабилитацијата, минување време со семејството, заминување на одмор и играње фудбал со моите деца“, изјави Кристијан Ериксен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
