Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, КК Работнички, сосема очекувано застана на страната на КФСМ во конфликтот околу (не)именувањето на МЗТ Скопје за шампион во прекинатата сезона. „Центарци“ не сакаат да го видат лутиот градски ривал на тронот на мак-баскетот потенцирајќи дека без одигрување на половина од сезоната, не би било коректно да се додели титулата на клубот од Аеродром.
Челниците на федерацијата за утре закажаа состанок на кој прволигашите ќе треба да гласаат за тоа дали да се именува шампион или не, а за Работнички нема дилеми која од двете понудени опции ќе биде прифатена.
„Во пресрет на состанокот закажан за утре (среда) 29.04.2020 година од страна на КФСМ на кој треба сите клубови од првата лига да се изјасниме по двата предлога предложени од страна на КФСМ,КК Работнички АД ја известува спортската јавност дека ќе гласа за вториот предлог, односно првенството да се заврши без прогласување на шампион. Прогласување на шампион на 50% одиграно првенств е се само не е спортско и фер завршница на првенството. Шампион се станува на терен!!! Работнички сака шампион на терен не во канцеларии“, се вели во соопштението на КК Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА