Се јави Ибрахимовиќ: Какво откажување – ќе се вратам посилен!

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ нема да се откаже од фудбалот и покрај тешката повреда што ја заработи на мечот од Лигата на Европа против Андерлехт, кога ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото. Тој на Инстаграм им се обрати на своите фанови, истакнувајќи дека ќе се врати посилен следната сезона.

„Прво, сакам да се заблагодарам за поддршката и љубовта. Веќе знаете, се повредив и ќе бидам надвор од фудбалот некое време. Но, ќе го поминам низ тоа како и сите други и ќе се вратам посилен. Ионака во последно време играв како со една нога. Едно е сигурно, јас одлучувам кога ќе сопрам и никој друг. Откажувањето не е опција. Се гледаме наскоро“, напиша Ибрахимовиќ на Инстаграм и предизвика воодушевување кај сите љубители на фудбалската игра.

Златан Ибрахимовиќ ќе замине на операција на коленото во Соединетите Американски Држави, по што се очекува да паузира околу осум месеци од фудбалските терени.

ibrahimovic instagram

Се вчитува...