Се јавија и од Звезда по дербито со Партизан: Кога ќе ја видиме ситуацијата на табелата…

Со голем пресврт во финишот на средбата (3-2), Црвена Звезда го совлада Партизан во големото српско дерби, и се доближи до нова титула во првенството на Србија. „Црвено-белите“ сега имаат 10 бодови предност од својот ривал, и се чини дека ќе дојде до нов пехар во шампионатот.

Ден по дербито и „црвено-белите“ се огласија на социјалните мрежи каде ја пофалија бодовната разлика против нивниот вечен ривал.

„Чувството кога ја гледаме состојбата на табелата“, напишаа од Звезда, со фотографија од Гелор Канга.

 

Се вчитува...