„Се надевам дека Копа Америка нема да биде последно големо натпреварување на Меси“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони се надева дека Копа Америка следната година нема да биде последно натпреварување на Лионел Меси во дресот со националните бои.

„Не знам дали тоа ќе биде негово последно натпреварување. Се надевам дека нема да биде така“, изјави Скалони. 

Аргентина на отворањето на Копа Америка ќе игра против Чиле во Буенос Аирес, а покрај тие две селекции во групата А се наоѓаат уште и Австралија, Парагвај, Боливија и Уругвај. Аргентина последен пат престижното натпреварување го освои во 1993. година.

Се вчитува...