Шпанската полиција привела шест лица под сомнение за наместени натпревари во Купот помеѓу Хуракан Мелил и Леванте одиграна во 2021 година, затоа што во обложувалниците се уплаќале многу пари на точен резултат.
Тогашниот прволигаш Леванте, победи во првото коло на Купот со убедливи 0-8, а токму на тој резултат биле уплатени пари. Уапсените лица наводно заработиле 30.000 евра од тој натпревар.
„После поплаките од обложувалниците и Ла Лига, почнавме истрага која кулминираше со апсење на шестмина шпански државјани“, се вели во соопштението на шпанската полиција.
На спорниот меч играл и македонскиот фудбалер Енис Барди, кој тогаш беше дел од Леванте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА