Се огласи Барселона по обвинувањата: Обид да се наруши атмосферата и имиџот на клубот

Барселона е осомничена за корупција. Тимот од „Ноу Камп“ во периодот од 2016 до 2018 година во три наврати уплатила 1,4 милиони евра на фирмата предводена од поранешниот судија и екс потпретседател на судиската комисија на Шпанија, Хозе Марија Енрикез Негреиро.

Мадридскиот „АС“ објави и документ со трансакциите, па затоа изби скандал од невидени размери.

Барселона се огласи со пет точки по повод овој скандал.

„Како одговор на информацијата емитирана на едно радио, Барселона е запознаена со истрагата за плаќање на надворешни компании, и сака да го разјасни следново:

  1. Барселона во минатото ангажираше надворешни консултанти кои на адвокатите им доставувле извештаи во видео формат за млади играчи од други клубови во Шпанија
  2. Освен тоа, односот со тој добавувач се прошири и на технички извештаи врзани со професионалносто судење за да се надополнат податоци кои ги бараше стручниот штаб на првата и втората екипа. Ова е вообичаена пракса меѓу професионалните клубови
  3. Овој тип на надворешни услуги сега се должност на стручњаци кои работат во нашиот клуб
  4. Барселона жали што оваа информација е објавена сега кога екипата постигна најдобра форма во сезоната
  5. Барселона ќе покрене судски постапки против оние кои пробуваат да го нарушат имиџот на клубот со можни инсинуации против неговиот добар углед кои би можеле да бидат предизвикани со објавување на такви информации“, стои во соопштението на клубот.

Се вчитува...