Одлуката за вина на Манчестер Сити за низа манипулации што траеле со години се уште е главна вест во фудбалската јавност, откако Премиер-лигата вчера потврди дека поранешниот првак е виновен по 114 точки од вкупно 115-те обвиненија што беа покренати против „граѓаните“ во овој случај што траеше со години.
Казната дополнително ќе биде соопштена, се шпекулира со одземање на титули, исфрлање од Премиер-лигата и бројни финансиски санкции, во меѓувреме од Манчестер Сити најавуваат жалба тврдејќи дека се невини, а денеска на темата се огласи и Пеп Гвардиола.
Каталонскиот стратег кој десет години беше дел од Манчестер Сити, покривајќи голем дел од периодот на кој се однесува истрагата, јасно искажа поддрша до управата на клубот.
„Сакамм сите навивачи на Манчестер Сити, во сите делови од светот, да знаат дека сум тука за клубот, повеќе од било кога. Јас сум, секогаш сум бил и ќе бидам на страната на мојот клуб, на сопственикот, на претседателот, фудбалерите…. актуелниот тренер Енцо Мареска и до сите вас, наши уникатни фанови. И сакам јасно да порачам – ќе го надминеме ова заедно“, истакна Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
