Се огласи Ругани: Чувајте се, почитувајте ги препораките поради оние кои ги сакате

Јувентус синоќа потврди дека нивниот дефанзивец Даниеле Ругани е првиот познат фудбалер кој е заразан со коронавирусот, вест која ги шокираше фудбалските фанатици ширум светот.

Ругани се чувствува добро, огласувајќи се и преку социјалните мрежи со молба сите да се чуваат многу добро…

„Да. Имам коронавирус, но не грижете се, добро сум. Ве повикувам да ги почитувате правилата, затоа што вирусот не прави разлика. Направете го тоа за себе, за вашите сакани и за сите околу вас“ – напиша Ругани.

Тој сезонава настапи седум пати за Јувентус, чиј член е од 2012 година кога пристигна од Емполи.

Се вчитува...