Се опамети Вардар и за билетите: На Копенхаген за 300 денари

Раководството на македонскиот првак научи на грешката од претходниот меч со Малме во Струмица, па одлучи да ја намали цената на билетите за натпреварот против данскиот шампион ФК Копенхаген, кој ќе се игра во вторник (25 јули), со почеток во 20 часот, на „Телеком Арена“ во Скопје. Овојпат „петстотката“ од Малме е намалена, па цената изнесува 300 денари.

Од ФК Вардар официјално известуваат дека утре ќе има прецизна информација околу продажбата на билетите, со оглед дека најверојатно нема да биде пуштен во употреба целиот капацитет на арената. Најверојатно за гледачи ќе бидат пуштени Јужната и Западната трибина на „Телеком Арена“, со оглед дека нашиот најголем стадион се уште се ’шминка’ за Суперкупот на Европа, дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, кој ќе се одржи на 8.август во Скопје.

Се вчитува...