„Се плашам да читам пораки, бидејќи секогаш содржат закани“

Фудбалерот на Кристал Палас Вилфред Заха, откри дека има големи проблеми додека е на социјалните мрежи. Тој смета дека кога ги посетува веќе не се чувствува безбедно, највеќе поради расистичките закани кои ги добива на твитер. На Заха неодамна преку социјалните мрежи му се закануваше 12 годишно дете, против кое е отворено истрага, а потоа фудбалерот пријави уште 50 нови налози поради истите причини.

„Секој пат се плашам да ги погледнам пораките на социјалните мрежи бидејќи се полни со омраза. За црните фудбалери учеството на инстаграм веќе не е забава. Не уживате на своите профили. Твитер веќе деактивирав бидејќи секој пат гледам некој вид на злоупотреба“, изјави Заха. 

Вилфред Заха годинава настапи на сите мечеви на Кристал Палас во Премиер-лигата на кои постигна 4 гола и забележа 5 асистенции.

Се вчитува...