Се подготвува размена: Хуан Мата во Интер, а Жоао Марио на „Олд трафорд“?

Се ближи зимскиот преоден рок и веќе се актуелизираат најавите за евентуални трансфери, а Манчестер јунајтед и Интер се подготвени да направат размена на двајца фудбалери од средниот ред. Како што најавуваат медиумите на Островот, Жозе Мурињо е подготвен да го испрати Шпанецот Хуан Мата во италијанскиот калчолигаш Интер, доколку за возврат го добие португалскиот интернационалец Жоао Марио.

Мата се почесто е на клупата за резерви во составот на „црвените ѓаволи“, а би сакал да се наметне кај селекторот Хулен Лопетеги за настап на Светското првенство во Русија. Токму затоа и би заминал во Интер, за да се докаже за место во селекцијата на Шпанија во пресрет на мундијалот.

Жоао Марио е едно од најголемите трансферни промашувања на Интер, па јасно е дека раководството на клубот бара солуција за да го продаде. Оваа размена е можеби и идеална можност за „нероаѕурите“.

Се вчитува...