Ќе го освежува тимот шампионот на Италија Интер во обидот следната сезона да се престави во што подобро светло, особено во Лигата на шампионите. Затоа во таборот на „нераѕурите“ подготвуваат измени во играчкиот кадар.
Според информациите, тимот од Милано планира прво да почне од обраната. Роналд Араухо од Барселона и Лука Вушковиќ од Хамбургер се меѓу желбите на првакот аз засилувања. Исто така во комбинација се и Тарик Мухаремовиќ од Сасуоло и Умар Соле од Удинезе.
Што се однесува до заминувањата, Франческо Ачерби и Матео Дармијан ќе си заминат од клубот како слободни агенти. Првиот би можел да замине во Ал Хилал, додека вториот е во комбинација за дресот на Торино.
Исто така веројатно ќе претрпи измена и голманската позиција. Јан Зомер веројатно ќе замине или ќе биде втор голман, додека Интер е заинтересиран за Гилермо Викарио од Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
