Откако доживеа целосно „фијаско“ во штотуку завршената сезона во Премиерлигата, и стана еден од најслабите тимови кои ја одбранил титулата, Ливерпул тргнува по освежувања на тимот со цел да ја го врати шампионскиот трофеј на „Енфилд“.
Според информациите, Ливерпул веќе го договорил трансферот на напаѓачот Јан Диоманде од Лајпциг. Фудбалерот би требало да потпише за англискиот гигант, иако за него интерес покажува и ПСЖ.
Во меѓувреме, на „Енфилд“ работат и на замената за Мохамед Салах. Наводно изборот баднал на играчот на ПСЖ, Бредли Баркола. Адут на „црвените“ е фактот што Баркола е во втор план, односно во прв план за страничните позиции се Кварацхелија и Дуе, па така во потрага по поголема минутажа, би можел да го напушти Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
