Се појави и видео-снимка: Како Дрејмонд Грин со еден удар го нокаутираше Пул

Дрејмонд Грин го очекува жестока казна од раководството на Голден Стејт вориорс по тепачката што тој ја иницираше со соиграчот Џордан Пул. Информацијата за конфликтот првпат беше објавена пред неколку дена, но денеска во јавноста беше обелоденето и видеото од оваа случка.

На него, добро се гледа дека Грин е иницијатор на тепачката, бидејќи тој му приоѓа на Пул, а потоа со еден удар го нокаутира својот соиграч.

Дрејмонд Грин се извини за случката, но јасно е дека ќе мора да плати значителна казна за своето однесување.

Се вчитува...