Се појави списокот на сите учесници во Еврлолигата следната сезона: Вкупно 20 клуба, и Дубаи за првпат!

Иако се уште официјално необјавено од Евролигата, се појави списокот на клубови кои ќе бидат дел од најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување следната сезона. Елитното натпреварување следната сезона ќе брои 20 клуба.

Клучниот состанок на раководството на Евролигата се одржа во Абу Даби пред денешниот почеток на Фајналфорот во кој учествуваат Панатинаикос, Фенербахче, Олимпијакос и Монако, а неговите заклучоци најавуваат значајни промени за следната сезона.

Најголемата вест е дека сезоната 2025/26 ќе има дури 38 кола, што е најдолгото натпреварување досега. Во тој распоред се планирани 10 двојни рунди.

Уште поважна одлука се однесува на календарот на меѓународните тимови – ФИБА прозорците повеќе нема да се признаваат, односно играчите од Евролигата нема да можат да настапуваат за националните тимови во квалификациите за Светското првенство во текот на сезоната.

Кога станува збор за учесници, Евролигата ќе има три нови клуба почнувајќи од следната сезона: Дубаи (првиот тим од Обединетите Арапски Емирати), Хапоел Тел Авив и Валенсија, која се враќа повторно во елитата.

Од друга страна, Алба од Берлин се повлече од Евролигата и одлучи да игра во Лигата на шампионите на ФИБА.

Евролигата во сезоната 2025/26 ќе бидат составени од следниве тимови: Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Дубаи, Барселона, Баерн, Фенербахче, Хапоел Тел Авив, Асвел, Макаби Тел Авив, Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус и Жалгирис.

Се вчитува...