Англија вечерва (22 часот) го почнува настапот на овој светски шампионат, прв ривал е одличната селекција на Хрватска, а селекторот Томас Тухел подготви два големи изненадувања во составот за пресметката со „коцкестите“.
Според информациите објавени од англиските медиуми, Тухел е подготвен на клупата за резерви да ги пресели Марк Гехи и Букајо Сака, кои беа гледани како сигурни стартери за овој светски шампионат. Англискиот селектор сепак има поинаква визија, па на местото двајата врвни фудбалери ќе им дае шанса на Езри Конса и на Нони Мадуеке.
Пикфорд е стандарден на голот, Џејмс ќе биде десен бек, О’Рајли ќе почне на левата страна по повредата на Ливраменто, во срцето на одбраната се најавуваше тандемот Стоунс – Гехи, за на крајот сепак Конса да добие шанса пред асот на Манчестер Сити.
Сака според многумина треба да биде лидер на англиската репрезентација крај Хари Кејн, но капитенот на Арсенал ќе биде преселен на клупата, а шанса на негово место ќе добие соиграчот од „топчиите“, Нони Мадуеке.
Деклан Рајс и Елиот Андерсон ќе почнат како последни играчи за врска, лево ќе биде Гордон, додека Белингем е најавен како класична „десетка“, веднаш зад незаменливиот Хари Кејн.
Останува да се види дали овој експеримент на Тухел ќе вроди со плод. Единствено мерило ќе биде – резултатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
