Се разбуди Гризман – три меча по ред стрелец за Барселона

Антоан Гризман долго важеше за огромно разочарување за навивачите на Барселона, но францускиот голгетер на последните неколку меча покажа дел од својот раскошен талент.

Тој во манир на голем стрелец го отвори резултатот на вечерашниот дуел со Ференцварош, со што Гризман за првпат откако е член на Барселона успеа на три натпревари во низа да се запише меѓу стрелците. Тој беше прецизен и пред седум дена против Динамо Киев, потоа стрелаше и во мрежата на Осасуна, за вечерва да ја продолжи својата гол-серија.

Случајно или не, на два од овие три натпревари Лионел Меси воопшто не беше во составот на каталонскиот гигант, а Гризман одлично се снајде како „прва ѕвезда“ во нападот на Барса.

Се вчитува...