Се сеќавате на Павков? Го „бараа“ европски клубови, ама заврши во Кина

Напаѓачот на Црвена Звезда, Милан Павков го напушта белградскиот клуб и својата кариера ќе ја продолжи во Кина.

Павков се појави пред европската фудбалска јавност со двата погодоци за „црвено-белите“ во триумфот против Ливерпул во Лигата на шампионите. По тој меч, следеа бројни шпекулации за наводен интерес од големи европски тимови за неговите услуги. Но, ниту една понуда… Па, на крајот заминува во кинески Џиангсу, за што Црвена Звезда ќе добие три милиони евра.

29-годишниот офанзивец минатата сезона одигра 39 натпревари за Црвена Звезда, со постигнати 15 гола и плус запишани и пет асистенции.

Се вчитува...