Се случи чудо: Фарах загуби, Муктар Едрис најбрз на 5.000 метри на СП

Етиопјанецот Муктар Едрис славеше на трката на 5.000 метри на Светското првенство во Лондон.

Британецот Мохамед Фарах беше главен фаворит за ново злато, но на крајот мораше да му честита на Едрис кој 5.000 метри истрча со време од 13:32.79 минути, додека Фарах на втората позиција имаше време од 13:33.22 минути.

Фарах немаше загубено финале цели 2176 дена, но ова воопшто не беше негова ноќ иако пред својата публика.

„Дадов 110% од себе, но не можев ништо да направам. Овој пат победи подобриот“ – рече Фарах по трката.

Третото место му припадна на Американецот Пол Челими, со време од 13:33.30 минути.

Се вчитува...