Се случи и тоа во 2020 – Чоло за првпат ја доби Барселона во Ла лига (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид забележа голем триумф во дербито од 10. коло во Ла лига против Барселона од 1-0. Клучниот момент во мечот се случи во 45. минута кога по лошото излегување на Тер Штеген најдобро се снајде Караско кој успеа да донесе вредни три бода за „душекчиите“.

Со оваа победа избраниците на Чоло Симеоно избија на делба на првата позиција на табелата со Реал Сосиедад со по 20 бода, но и натпревар помалку. Мизеријата на Барселона продолжува. Сега Каталонците се на минус девет бода од денешниот противник и се наоѓаат на очајното 10. место на првенствената табела.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...