Се враќа Ибрахимовиќ, но Милан ќе биде без четири првотимци против Манчестер Јунајтед

Стефано Пиоли ќе го има на располагање Златан Ибрахимовиќ за вечерашниот реванш дуел од Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед. Сепак, Пиоли се соочува со сериозни проблеми бидејќи во пресрет на овој натпревар остана без услугите на четири стандардни првотимци кои нема да можат да настапат против „црвените ѓаволи“.

Давиде Калабрија и Алесио Ромањоли ја загубија трката со времето, па денешниот дуел ќе го следат од трибините на „Сан Сиро“. Покрај нив ќе се најдат и Анте Ребиќ, кој се мачеше со неколку повреди во последните седмици, како и Рафаел Леао, кој се повреди во финишот од последниот натпревар против Наполи.

Ибрахимовиќ е единствениот класичен напаѓач во составот на Пиоли и шведскиот ас ќе стартува од првата минута, помогнат од Кастилјехо и од Хакан Чалханоглу.

Првиот меч меѓу Милан и Манчестер Јунајтед заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...