Се враќаат Елмас и Алиоски…, без Пандев и Спировски а неизвесен Адеми!?

Селекторот Игор Ангеловски повторно со разно-разни комбинаторики ќе се соочува и пред последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите против Гибралтар кој во понеделник го играме во Скопје.

За дуелот против Гибралтарците во комбинација се враќаат Елиф Елмас и Езгијан Елиоски кои дуелот во Лихтенштајн го гледаа од трибините поради суспензијата поради жолти картони. Но, сега Ангеловски ќе го нема капитенот Горан Пандев, кој ќе мора да паузира поради жолти картони, како и фудбалерот од средниот ред на унгарски Ференцварош, Стефан Спировски, кој заработи повреда на коленото па тешко дека ќе мора да одговори на обврските.

Неизвесен е настапот на Аријан Адеми, кој поради здравствени проблеми, отпадна и за средбата со Лихтенштајн. Дополнително, по враќањето во Скопје, ќе биде одлучено дали ќе биде на располагање на стручниот штаб за средбата со Гибралтар.

Како што е познато, и за последниот натпревар од Лигата на нациите во понеделник ќе недостасува повредениот десен бек Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон.

Се вчитува...