Се враќаат фудбалот и кошарката во Кина, но…

Кина полека се враќа во нормала по последиците од пандемијата од коронавирусот кој прв се појави во оваа земја. Се подготвува и продолжение на спортските натпревари, но сега проблем претставуваат странците кои настапуваат во кинеските лиги.

Како пандемијата е во полн ек во остатокот од светот, така сега постои опасност дека спортистите од тие земји да се вратат во Кина. Поради тоа властите ќе забранат влез на странски државјани, а забраната ќе стапи на сила од 28. март.

Фудбалската и кошаркарската лига во Кина треба да почнат на 11. април, а голем проблем за тимовите ќе биде тоа што во нив играат голем број странци.

Се вчитува...