Се врати Мбапе и веднаш е полесно за ПСЖ – Три „парчиња“ за Ница

Пари Сен Жермен ја надмина кризата што ја предизвикаа повредите, суспензиите и коронавирусот и веднаш е полесно  за тимот на Томас Тухел. „Светците“ славеа со 0-3 на гостувањето кај Ница.

Килијан Мбапе се врати со гол на терените и го отвори резултатот во 38.минута од пенал, откако самиот се избори за најстрогата казна. Анхел Ди Марија пред одморот зголеми на 0-2, а третиот гол беше дело на Маркињос.

Се вчитува...