Се врати стариот Бесарт Ибраими: Гол за триумф на Шкендија против Жилина (ВИДЕО)

Шкендија славеше на пријателскиот натпревар против словачка Жилина со 1-0 во рамките на подготовките во Словенија.

Тетовци беа подобар противник па сосема заслужено стигнаа до триумфот, благодарение на погодокот на Бесарт Ибраими во 39. минута од натпреварот…

Ибраими, по долгата пауза поради повредата, на најдобар можен начин се враќа во дресот на Шкендија најавувајќи дека ќе биде од огромна помош за македонскиот шампион ова лето во квалификациите за Лигата на шампионите.

Се вчитува...