Животната приказна на Карл Мелоун е навистина мрачна и крие многу тајни. Како најмлад од девет деца, легендарниот кошаркар пораснал на фарма во Луизијана на југот на Америка во тензично време. Неговиот татко се самоубил на негова тригодишна воздраст па се останало на неговата мајка, а покрај тоа во колеџ деновите на 20 годишна возраст одбил да признае дете кое го добил со девојка од 13 години!
За целата ситуација да биде покомпликувана, познатиот кошаркар со децении не сакал да има ништо со својот син, Димитирус Бел, кој направил успешна спортска кариера како НФЛ играч на Бафало, Филаделфија и Далас.
„Се однесувам како мојата мајка да отишла во банка за сперма. Него не го знам, бидејќи тоа што го немаше во моето детство мене ме направи подобра личност. Растев опкружен со многу добри луѓе, никогаш не ми беше потребна татковска фигура. Среќен сум и ништо повеќе не ми треба“, изјави Бел во интервју за ‘ЕСПН’ пред 13 години.
По раѓањето на Бел, Карл Мелоун завршил на суд, но било одлучено спорот да заврши надвор од истиот, а години подоцна целата ситуација добива и среќен крај.
Како што вели Димитриус Бел, го запознал Мелоун на 17 годишна воздраст кога по допломирањето легендарниот кошаркар му се обратил со зборовите „Прекрасно е да ти бидам татко“. Денеска тие имаат одличен однос и постојано поминуваат време заедно.
„Не бев во право, зар не. Направив грешка и таа е само моја, ни е нивна. Тоа што го направив воопшто не беше правилно. Грешев, но нема постојано да се враќам на тоа и да пробувам да се оправдам, бидејќи е невозможно. Тој однос татко-син не може да се врати назад, но сега имаме сјаен однос. Јас сум и понатаму ‘тато’, ‘чале’, ‘стари’ или како и да сака да ме вика“, изјави Малоум во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА