Се’ за пари: Фановите на Реал и Барса бесни, Ла Лига го откри датумот на првото „Ел Класико“ сезонава

Челниците на шпанската Ла Лига го објави датумот и часот на играње на првото „Ел Класико“ оваа сезона, а ваквата одлука наиде на гневни реакции од фановите на Реал Мадрид и Барселона. Разочарувањата доаѓаат бидејќи ова е несекојдневен термин за едно од најголемите дерби мечеви на европската и светската фудбалска сцена.

Двобојот од 10-то коло меѓу Барса и Реал е на програмата точно за еден месец, односно на 24 октомври во 16:15 часот. Ова е само уште еднаш показател дека Ла Лига се прилагодува на азискиот пазар и големиот приход на пари што го инкасираат од тие земји.

Инаку, ова ќе биде прво „Ел Класико“ со гледачи на трибините од 1 март 2020 година, кога Реал и Барселона играа пред полни трибини на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...